Search

Скопските бездомници во полициски час се згрижуваат во Момин поток

Бездомните лица и питачите од улиците за време на полицискиот час ги собира специјализиран тим од Центарот за социјална работа на Град Скопје и ги носи во Момин поток. Овиј тим има обезбедено дозвола за да може да постапува и по 21 часот.

– По излегување на терен и детектирање на овие лица ќе им биде понудено и сместување, а воедно ќе бидат почитувани и препораките лицата да бидат изолирани – нагласуваат од скопскиот Центар за социјална работа.

Image result for момин поток

Црвениот крст на град Скопје пак, посебно внимание им посветува на оваа категорија на граѓани и преку мобилни тимови на терен им дели средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, како и печатени материјали со препораките од СЗО.

Image result for момин поток

Треба да знаете
Последни објави