Search

Скопскиот регион со најголемо учество во БДП, најмало во североисточниот

– Скопскиот регион има најголемо учество во бруто-домашниот производ. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 43 отсто учество во БДП отпаѓа на скопскиот регион, а најмало или 4,9 отсто има североисточниот регион.

Вардарскиот има учество од 7,7 осто, истониот 8,2, југозападниот 8,3, југоисточниот 9,4, пелагонискиот 11,2 и полошкиот 7,2 отсто.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат скопскиот регион со индекс 142, југоисточниот регион со индекс 112,2, вардарскиот регион 104,6 и пелагонискиот регион со индекс 101,7. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Во 2018 година, во Република Северна Македонија се реализирани 132.387 милиони денари инвестиции во основни средства, што е за 5 отсто помалку во однос на 2017 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2018 година и понатаму има скопскиот регион со 52,3 отсто, додека најмало е учеството на североисточниот регион со 3,3 отсто.

Споредено со 2017 година, пораст на инвестициите во основни средства е забележан во североисточниот регион (65.5 %), вардарскиот регион (21.4 %), југоисточниот регион (14.6 %) и источниот регион за (11.6 %). Намалување на инвестициите во основни средства е забележано во југозападниот (20.4 %), полошкиот (16.4 %) и во скопскиот регион (9.8 %).

Треба да знаете
Последни објави