Search

Скопска „Комунална хигиена“ го отвори новиот центар за грижа за корисници

Центар за грижа за корисници на ЈП „Комуналана хигиена“- Скопје е отворен денеска во управната зграда на претпријатието, зад поранешен Скопски саем.

На отворањето на Центарот присуствуваа директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски и градоначалникот Петре Шилегов, кој се обрати пред присутните.

„Чест ми е што денеска на граѓаните на Скопје ќе им претставиме една новина. ЈП Комунална хигиена и официјално го отвора новиот Центар за услуги на корисници, каде што граѓаните ќе можат да бидат услужени за делот од услугите коишто ги дава комуналното претпријатие, што не се однесуваат на плаќање на обврски коишто редовно доаѓаат заедно со сметките од ЈП Водовод и канализација, туку за другиот вид на услуги што јавното претпријатие ги дава на физички или правни лица“, рече Шилегов.

Тој додаде и дека Центарот за услуги на корисници ќе ги решава проблемите на граѓаните на самото место и нема да работи на принцип на поднесување на барања и разгледување на истите, туку на самото место службите на Комунална хигиена ќе ги решаваат прашањата што на пријава, што на одјава за зголемување или намалување на квадратурата, што треба да биде предмет на услуги на јавното претпријатие.

Треба да знаете
Последни објави