Search

Сколс обвинет од ФА поради обложување

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс за прекршување на строгите правила, кои забрануваат влогови на фудбалски средби од страна на играчи, менаџери, агенти и секакви лица директно инволвирани во натпреварите на соодветните тимови.

Обвиненијата се поврзани со реализација на 140 облози во периодот од август 2015-та до јануари 2019-та година, кога Сколс е еден од сопствениците на Салфорд Сити.

Фудбалската асоцијација дава рок за одговор на Сколс до 26 април.

Ова е уште една популарна фигура во англискиот фудбал, против која ФА започна истрага за облози. Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ се уште ја чека одлуката на асоцијацијата за обвинението подигнато против него за периодот додека беше во Вест Бромвич. Во 2017 година Џои Бартон, пак, беше исфрлен од фудбалот 18 месеци, но потоа казната му беше намалена за пет месеци и парична казна од 30.000 фунти.

Четириесет и четири-годишниот Сколс поседува 10% од Салфорд Сити. Тој беше и директор во клубот, позиција која ја напушти во почетокот на февруари, за да стане менаџер на Олдам. На таа должност тој остана само 31 ден, по што одлучи да се повлече.

Треба да знаете
Последни објави