Search

Сколс: Не мислам дека заминувањето на Погба ќе биде голема загуба за Манчестер

Поранешниот играч од средниот ред на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Пол Сколс смета дека заминувањето на Пол Погба од „Олд Трафорд“ нема да биде загуба за тимот.

Во текот на летото, медиумите пишуваа за интересот на Реал мадрид за  Французинот.

– Погба? Не мислам дека неговото заминување ќе биде голема загуба за Манчестер Јунајтед. Другите играчи можат да ја завршат работата, што ја прави тој, изјави Сколс.

Погба дојде во Јунајтед од Јувентус во 2016 година. Претходно, сезоната 2011/12 беше дел од Јунајтед, но одигра само три натпревари.

Треба да знаете
Последни објави