Search

Сколс: Мурињо го срами клубот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед играат во лоша форма, а синоќа не успеаа да слават на домашен терен против Валенсија (0:0) во второто коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Многумина веќе ги отпишаа „Црвените Ѓаволи“ од битката за титулата во Премиер лигата иако е почеток на октомври, а истото важи и за Лигата на шампионите, затоа што со ваква игра, тешко дека Јунајтед ќе оствари успех. Посебно незадоволен е Пол Сколс.

„Јас навистина не знам како е можно Мурињо се уште да е тука, посебно после настапот против Вест Хем и неговото однесување после натпреварот. Тој на прес-конференцијата ги нападна играчите, луѓето кои што се над него, но ништо не кажа за себе. Не знам дали јазикот му е побрз од умот, но знам дека го срами клубот“, изјави Пол Сколс.

Ова Сколс го изјави пред вчерашниот меч против Валенсија на кој што Јунајтед повторно разочара.

Треба да знаете
Последни објави