Search

Скајвокер го избриша фејсбук-профилот: „Цукерберг повеќе се грижи за профитот отколку за вистината“

Актерот Марк Хамил (68), легендарниот Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите“, го напушти Фејсбук затоа што оваа социјална мрежа не бара политичките огласи да бидат искрени.

„Многу сум разочаран што Марк Цукерберг повеќе се грижи за профитот отколку за вистината и решив да го избришам мојот фејсбук-профил“, објави Хамил на „Твитер“ и додаде дека е лут.

„Знам дека ова на глобално ниво ќе предизвика реакција од типот кому му е гајле, но затоа јас ќе спијам подобро“, продолжи тој. Најавата на Хамил предизвика низа реакции. Луѓето го поздравуваат фактот дека ја искористил својата слава за да се заложи за вистината во политиката.

„Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ заработи 40 милиони долари од продажбата на билети во САД и Канада на првата вечер од прикажувањето, што е петто најдобро отворање во историјата на филмот, соопшти компанијата „Волт Дизни“.

Треба да знаете
Последни објави