Search

Скаути на седум големи европски клубови го следеле дербито меѓу Фенер и Галата: Во нотесите влегол и Елмас

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас одигра одличен натпревар за својот Фенербахче во дерби пресметката против Галатасарај.

Младиот 19 годишен фудбалер беше стрелец на погодокот за Фенербахче откако одлично се снајде во шеснаесетникот на противничкиот фудбалер.

Елмас за прв пат по подолго време доби шанса од првата минута на теренот, а играше и на позицијата која најмногу му одговара, веднаш зад напаѓачот. Тоа го искористи и со право беше меѓу најспоменуваните имиња веднаш по натпреварот.

Турските медиуми пишуваат дека на „Шукру Сарачоглу“ имало скаути од дури седум европски големи клубови. Свои претставници на средбата имале пратено Лацио, Фиорентина, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Марсеј, Монако и Севиља.

Елмас влегол во нотесот на скаутите на Лацио, Фиорентина и Тотенхем кои и претходно ги следеа настапите на нашиот репрезентативец, и се очекува во летниот преоден рок да тргнат по неговите услуги.

Треба да знаете
Последни објави