Search

Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ поради стримување на „Црна вдовица“

Скарлет Јохансон, ѕвездата на блокбастерот “Црна вдовица“, го тужи „Дизни“ за прекршување на договор откако го емитуваше филмот за суперхероината на својот стриминг-сервис „Дизни плус“ истовремено со неговото кино-издание.

Филмот постави рекорд на киноблагајните во екот на пандемија, заработувајќи 218 милиони долари во првиот викенд. Но, приходите од боксофисот паднаа нагло, и сега Јохансон тврди дека таа била лишена од потенцијални приходи.

Како одговор, „Дизни“ нагласува дека „целосно го испочитувал ндоговор со неа и дека нејзината тужба нема никаква основа“.

„Тужбата е особено тажна и вознемирувачка поради бескрупулозното игнорирање на ужасните и долготрајни глобални ефекти на пандемијата на Ковид-19,“ се вели во соопштението на компанијата.

„Дизни целосно го испочитува договорот на Јохансон. Покрај 20 милиони долари што Јохансон ги има добиено до денес, емитувањето на „Црна вдовица“ на „Дизни плус“ значително ја зголеми можноста да добие дополнителен надомест,“ стои во одговорот на компанијата.

Во тужбата на Јохансон, за која претходно објави „Волстрит журнал“, таа наведува дека стримувањето на „Црна вдовица“ ја чинело 50 милиони долари.

Јохансон тврди дека ѝ било ветено од студиото „Марвел“, кое е во сопственост на „Дизни“, дека филмот ќе биде кино-издание. Таа сфатила ова ветување значи дека ќе помине одредено време пред да се емитува на стриминг сервис – период кој традиционално трае 90 дена.

Треба да знаете
Последни објави