Search

Скандал на канадскиот премиер, Трудо се извини за контроверзната фотографија

Канадскиот премиер Џастин Трудо се извини што лицето го нашминкал со црна боја во 2001 година, откако таа непристојна фотографија се појави пет недели пред изборите.

Фотографијата на тогашниот 29-годишен Трудо со лице затемнето со шминка е голем предизвик за лидерот кој често зборува за важноста на борбата против расната дискриминација и кој во неговиот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло, пренесува „Ројтерс“.

„На гала-приемот што беше тематски посветен на Арапските ноќи, го облеков костимот на Аладин и ставив шминка“, рече Трудо.Embedded video

Канадскиот премиер, наводно, е во тесна битка со конзервативниот лидер Ендру Шир пред сојузните избори на 21 октомври.

Шир изјави дека е „исклучително шокиран и разочаран“ од фотографијата на Трудо.

Треба да знаете
Последни објави