Search

Скандал во Црна Гора, судија постирал провокативни фотографии на социјалните мрежи

Комисијата на Судскиот совет на Црна Гора по речиси еден и пол месец сè уште нема утврдено дали судијата на Основниот суд во Котор Вељко Булатовиќ го прекршил Етичкиот кодекс со објавување провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Постапката беше поведена по предлог на претседателката на Врховниот суд, Весна Меденица, која добила поплаки во врска со претставувањето на Булатовиќ на мрежите.

Судијата на социјалните мрежи, на својот профил, објавуваше фотографии кои, наводно, го нарушуваат угледот на судиите, што е спротивно на Етичкиот кодекс, кој ги обврзува и во приватниот живот да водат сметка за тоа како се однесуваат и облекуваат.

Кабинетот на претседателот на Основниот суд во Котор, Бранко Вучковиќ, објасни дека постапката започнала на 2 ноември.

Булатовиќ рече дека нема да коментира за започнувањето на постапката, бидејќи одлуката е во тек.

Тој на својот профил редовно објавуваше  провокативни фотографии со базен, фитнес … Многу од фотографиите се избришани по постапката против него.

Покрај голотијата, на судијата му замерија и за скапата облека, пијалаците и навиките што оддаваат луксуз.

Треба да знаете
Последни објави