Search

Скандал во Холандија: Лекар со својата сперма наместо на донорите оплодил стотици жени

Група од 22 лица од Холандија добиле право на суд да ја споредат својата ДНК со таа на лекарот од клиниката плодност, осомничен дека со сопствената сперма оплодил многу пациентки што резултирало со околу 200 деца.
Откако пред неколку години се појавиле сомневања во неговото однесување и работа, лекарот Јан Карбат ги отфрли обвиненијата и одби да соработува со оние кои беа погодени од неговите дела. Кога неговата клиника беше затворена во 2009 година беа пронајдени бројни административни неправилности, а докторот почина во април 2017 година на возраст од 89 години.

Тој почина еден месец пред 22 деца зачнати во неговата клиника да поведат судска постапка, а адвокат на семејството жестоко се бореше против било какво ДНК тестирање, тврдејќи дека треба да се почитува приватноста на починатиот и неговите роднини.
Сепак, судот сега одлучи ДНК тестовите да може да се направат бидејќи има доволно докази кои сугерираат дека Карбате во својот медицински центар јужно од Ротердам ја користел сопствената сперма. Судот ја одобри употребата на неговата ДНК земени од 27 од неговите лични предмети, вклучувајќи четка за заби, кои по неговата смрт се оставени на безбедно место во исчекување на пресудата.

Досега тестовите покажаа висок степен на сигурност дека 47 деца се зачнати со сперма на докторот.

Во Холандија децата кои се родени со сперма од донори пред 2004 година, кога законот е променет, немаат право да го знаат идентитетот на биолошкиот родител. Сепак, во пресудата е наведено дека случајот Карбатов има посебен статус поради нелегалните постапки на лекар.

Треба да знаете
Последни објави