Search

Скандал во британскиот парламент, пратеник се обиде да го украде церемонијалниот боздоган

Во британскиот парламент се случи скандал без преседан кога пратеникот на лабуристите, Лојд Расел, се обиде да го украде церемонијалниот боздоган.

На видеото се гледа како тој оди до сталакот на кој е боздоганот и го зема, додека пратениците гласно негодуваат.

Церемонијалниот боздоган е симбол на британската кралица и нејзината власт, а без него парламентот не може да заседува.

Ова се случи во не многу поволен момент за Велика Британија, а денешниот ден требаше да биде ден на одлуката за брегзит.

Но, премиерката Тереза го откажа решавачкото гласање во парламентот бидејќи се плаши дека нема да ја добие поддршката за нејзиниот договор.

 

Треба да знаете
Последни објави