Search

Скандалот меѓу Гомез и Стерлинг заврши

Скандалот во репрезентацијата на Англија меѓу дефанзивецот Џо Гомез и напаѓачот Рахим Стерлинг веќе може да се смета за официјално завршена. Ова стана јасно откако дефанзивецот на Ливерпул одби да поднесе тужба против Стирлинг, објави „Дејли мејл”.

Двајцата неодмна влегоа во спор за време на кампот на репрезентацијата на Англија. Конфликтот меѓу нив се појавил уште за време на дербито од 12. коло од Премиер лигата, кое го доби Ливерпул со 3:1. Како резултат, Стерлинг беше отстранет од таборот и го пропушти евроквалификацискиот дуел со Црна Гора.

Фудбалската асоцијација (ФА) го повика Гомез да ги разјасни неговите односи со Стерлинг и, доколку е потребно, да поднесе тужба до полицијата. Но, Гомез ги прифатил извинувањата на Стирлинг и оваа приказна може да се смета за завршена.

Треба да знаете
Последни објави