Search

Скандалозно однесување на Медведев на турнирот во Мец

Данил Медведев доживеа пораз во осминафиналето на АТП турнирот во Мец од ветеранот Стан Вавринка (284. на АТП листата). Во третиот сет, Медведев успеа да го навлече гневот на публиката.

Вавринка го доби четвртфиналето по 6:4, 6:7(7), 6:3, но однесувањето на рускиот тенисер, поранешен број 1, се издвојува на социјалните мрежи повеќе од кој било добро одигран поен или победата на 38. годишниот Вавринка.

Сцената која се коментира се случи во третиот гем од третиот сет, при резултат 2:0 за швајцарскиот тенисер, откако Медведев го фрли рекетот на теренот. Публиката почна да протестира, а потоа следуваше шоуто на Медведев, кој почна да покажува палци кон толпата, да прави грди гестови и да имитира мајмунски движења.

Треба да знаете
Последни објави