Search

Си Џинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Си Џинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија, за мерките за борба против ширење на корона вирусот.

Тој порача дека Кина се соочува со сериозна ситуација во која корона вирусот многу брзо се шири.

Си-ен-ен пренесува дека ресурсите и експертите ќе бидат упатени во болниците за лекување на тешките случаи на заболени од вирусот.

Лекувањето нема да биде одложено поради трошоците, а ќе се гарантираат залихи на материјали за провинцијата Хубеи и главниот град Вухан.

Информациите за ширењето на вирусот кои ќе се објавуваат мора да бидат точни, брзи и транспарентни, наведува Си-си-ти-ви.

Во Вухан се градат две нови болници, со вкупно 2.600 кревети, за да има место да се згрижат сите заболени. Од новиот вид на корона вирус досега почина 41 човек, а заболени се над 1.300 луѓе во светот.

Треба да знаете
Последни објави