Search

Си Џинпинг првпат во јавноста по смртта на лекарот што предупреди на коронавирусот

Кинескиот претседател го посети Пејојанг, во Пекинг, за да се информира за превенцијата и контролата на смртоносниот вирус.

Ова е прва средба на Си со граѓаните по неговата кратка посета на Јунан од 19 до 21 јануари.

Си на граѓаните им порача дека „мораат да имаат доверба” дека Кина ќе победи во борбата против епидемијата на коронавирусот.

Носејќи хируршка маска при посетата на медицинскиот персонал во болницата „Дитан”, во Пекинг, Си ја провери својата температура и им мавна на лицата сместени во апартманите, покажуваат снимките на ЦЦТВ.

Докторот Ли на 30 декември ги предупреди властите на новиот вирус, но тогаш од полицијата му кажале да престане да шири лажни вести.

Неговата смрт предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Властите во Пекинг презедоа одредени активности, испраќајќи екипа сочинета од членови на високото дисциплинско тело на Комунистичката партија, која требаше да ја испита смртта на лекарот.

Треба да знаете
Последни објави