Search

Си поднесе оставка премиерот на Шри Ланка

Премиерот на Шри Ланка, Махинда Раџапакса денеска поднесе оставка, седум недели откако беше номиниран за функцијата, но не доби поддршка од Парламентот, јави ДПА.

Раџапакса ја потпиша оставка во официјалната резиденција во Коломбо и рече дека се повлекува за да му дозволи на претседателот Маитхрипала Сирисена да избере нов премиер.

Се очекува претседателот Сирисена да го номинира поранешниот премиер Ранил Викремесингхе, кој го повлече од функцијата и на негово место го именуваше Раџапакса на 26 октомври, по што го отпушти Парламентот и свика нови избори.

Таа негова одлука беше поништена од страна на Врховниот суд минатиот месец.

Треба да знаете
Последни објави