Search

Си: Кина ќе биде поотворена кон светот

Кина ќе биде поотворена кон светот, рече претседателот на Кина, Си Џинпинг и притоа ги нарече „глупави” оние кои веруваат во културната надмоќ.

Обраќајќи се на форумот во Пекинг под името „Конференција за дијалог на азиските цивилизации”, организиран од Министерството за пропаганда, Си рече дека кинеската цивилизација е „отворен систем” кој постојано разменуваше и учеше од другите култури, вклучувајќи ги будизмот, марксизмот и исламот.

– Денешната Кина не е само кинеска Кина, туку и азиска Кина и светска Кина, рече Си и додаде дека во иднина Кина ќе има поотворен став „да го прегрне целиот свет”.

Според него, ниту една земја не може да биде сама.

– Цивилизациите ќе ја изгубат виталноста ако земјите се вратат во изолација и се отсечат од остатокот од светот, истакна кинескиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави