Search

Си-Ен-Ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-Ен-Ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на коронавирус.

Документите кои протекле од кинеската провинција Хубеи, покажуваат дека Кина објавувала помали бројки на заразени со коронавирус, дека и` биле потребни недели за да дијагностицира нови случаи.
Исто така, се покажало дека Кина не ја известила јавноста за пикот на сезоната на грип во Хубеи во декември минатата година, што се поклопува со времето за кое се претпоставува дека всушност се појавиле првите случаи на Ковид-19 во Кина, пишува Си-Ен-Ен.

Во извештајот со етикета „внатрешен документ, доверлив“, локалните здравствени власти во провинцијата Хубеи, каде првпат беше откриен вирусот, на 10 февруари наведоа вкупно 5.918 новооткриени случаи, што е двојно повеќе од официјалниот јавен број на потврдени случаи.

Таа поголема бројка не беше објавена во тоа време, а се чини дека Кина ги претставила податоците на начин што ја намалува сериозноста на епидемијата.

Претходно непозната бројка е во серијата откритија содржани на 117 страници протечени документи од провинцискиот центар за контрола и превенција на болести Хубеи, кои тој ги поседува и чија автентичност е потврдена од Си-Ен-Ен.

Кина решително ги отфрли обвинувањата на САД и на другите западни влади дека намерно ги задржала информациите во врска со вирусот, тврдејќи дека е искрена со светот уште од избувнувањето на пандемијата. Сепак, иако документите не даваат докази за намерен обид да се сокријат наодите, тие откриваат голем број недоследности во она за што властите биле свесни и што било откриено во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави