Search

Си Ен Ен: Кампањата на Русија во ЦАР ја финансира „готвачот” на Путин

Руското присуство во Централноафриканската Република не е тајна, објави Си Ен Ен.

На улиците можат да се забележат пропагандни плакати со порака: „Русија: Рака под рака со вашата војска”.

Локални радио станици пуштаат руски балади и часови по руски јазик. Регрутите во војска се обучуваат на руски и користат руско оружје.

Комбинацијата од изнајмено оружје и паметен ПИ-АР го зголемува влијанието на Москва и надминувајќи ги противниците, Русија повторно се наметнува како главен играч во регионот.

Повеќемесечното истражување на Си Ен Ен потврди дека овој амбициозен потег во срцето на Африка го спонзорира Евгениј Пригожин – олигарх, многу близок до Кремљ, кој е познат како „готвач” на Владимир Путин.

Тој е под санкции од САД поради финансирање на Агенцијата за истражување на интернетот, која се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.

Ангажманот на Пригожин ја вклучува и компанијата „Лобеј Инвест”, која финансира радио станица во ЦАР. Исто така, финансира и обука на воени регрути во ЦАР, чиј број се зголемува, а дивидентите од „Лобеј Инвест” ги отстапува за пронаоѓање дијаманти и злато во земјата богата со рудно богатство.

Се претпоставува дека тој е одговорен за операцијата „Вагнер”, која одигра важна улога во судирите во Украина и Сирија, наведува Си Ен Ен.

Треба да знаете
Последни објави