Search

Сиљановска: Ќе бидам првата амбасадорка на битката со гладта

Почитувани,

Се согласувам со најголемите умови на денешницава кои покрај еколошкиот предизвик и еколошката катастрофа, сиромаштијата пред неа ја ставаат или до неа, се разбира и покрај барањето за делимитаризација.

Значи ако станам јас претседателка на Република Македонија ќе го сторам тоа што го имам напишано и во програмата. Бидејќи јас знам дека дури 40% од граѓаните во Република Македонија се на ивицата на преживувањето или имаат сериозни проблеми со гладта. И навистина се додека постои ваква банка, толку многу организации јасно е дека царот е гол, дека ние не се справуваме со најголемите предизвици.

Чув и видов многу амбасадори овде, јас доколку бидам избрана одговорно тврдам дека ќе бидам првата амбасадорка на битката со гладта. И се надевам дека 5 години потоа нема да има потреба од толку многу амбасадори за борба со гладта и дека ние ќе речеме дека сме на правиот пат дека сме се справиле со еден од преголемите предизвици. Болни предизвици.

Иначе она што е шокантно, она што загрижува е ако од една страна имате таков проблем за преживување, за мене е тоа можеби проблем со реализирање со правото на живот. Бидејќи ако не можете да го заштитите, да го реализирате дигнитетот и интигритетот вие имате сериозен проблем со правото на живот. Ако е тоа од една страна како предизвик, а од друга страна имаме секојдневно толку големо фрлање, не водење на сметка за храната, не знаеме каде завршува значи во банката не се пријавуваат сите оние кои би можеле да даруваат дел од храната што ќе стигне на право место, мислам дека дури и пред еколошката катастрофа или заедно би ги ставила овие два предизвици.

Значи го имате мојот збор, дека доколку јас станам претседателка на Република Македонија ќе сторам се да бидам првата амбасадорка што ќе се справи или ќе стори се за да се справи со проблемот со гладта. Оти срамота е во 21 век да се соочуваме со ваков проблем. Македонија е сиромашна земја, но доволно богата за да може да ги нахрани сите. Оваа природа е благословена, дали е тоа во поглед на земјата, на овошјето, на зеленчукот, на другите предизвици, само значи немаме добра организација не од вас туку од оние кои што се најповикани, од власта. Од владата, од специјалното министерство, кое би требало да биде целосно посветено на овој предизвик, но еве ако во Франција има според некои претседатели болници што се именуваат, еве Македонија нека има значи некој кој што ќе застане на чело на оваа коалиција и ќе стори се за да нема потреба од неа.

Треба да знаете
Последни објави