Search

Сиљановска потврди дека не си го познава народот, државата, не ги почитува новинарите и бега од сочување со јавноста

Гордана Сиљановска, кандидатката на Христијан Мицкоски призна дека не си ја познава државата, дека не си го познава сопствениот народ од кого денес бара поддршка.

Но уште посериозно е тоа што Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ги почитува медиумите и новинарите и бега од соочување со јавноста.

Со таквото однесување, Сиљановска го следи примерот на осудениот криминалец Никола Груевски кој со години бегаше од дебати и соочувања со јавноста и медиумите.

Сиљановска секојдневно потврдува дека не е достојна за функцијата за која се кандидира.

Кампањата веќе привршува а граѓаните од Сиљановска не видоа ниту еден конкретен одговор ниту едно решение што е во интерес на граѓаните, освен лицемерие, нечесност и неискреност.

Граѓаните го гледаат ваквото однесување на Сиљановска, а пораката ќе и ја пренесат веќе в недела, кога масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски што води напред.

Треба да знаете
Последни објави