Search

Сиљановска на средба со Асоцијацијата на архитекти на Македонија

Кандидатот за претседател, Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова се сретна со претседателот и членовите на управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

„Разговаравме за учеството на стручната јавност во донесување на законски решенија и регулативи, пред се, на Законот за градење и Законот за просторно и урбано планирање, но и за вклучување на граѓаните во процесите и нивно поставување како одлучувачки фактор“, посочи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова на средбата појасни дека граѓаните се оние кои што секогаш треба да го имаат последниот збор. ААМ е исто така и организатор на Големата годишна награда за архитектура, чии покровител е ПРМ, соработката во тој поглед треба да продолжи, доколку биде избрана за Претседател на државата.

На самиот крај заклучивме, дека средби од ваков тип се неопходни и во иднина треба да бидат се почести, затоа што мојата цел секогаш ќе биде актуелизација и потенцирање на реалните и секојдневните проблеми на граѓаните, истакна Сиљановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави