Search

Сиљановска во штабот на Пендаровски

Гордана Сиљановска Давкова денеска го посети изборниот штаб на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале за фер и демократски изборен процес и избори без нерегуларности.

Таа на „Твитер“ напиша дека шефот на изборниот штаб во Скопје Ѓорги Галетановски не ја пречекал, на што тој на Фејсбук ѝ врати дека „му е мило што била во промотивниот штаб на Пендаровски“.

„Ама еве втор пат да ве потсетам дека јас не сум шеф на штаб на претседателот и сум на работа секој ден од 8 до 16 часот во скопската зоолошка. Ви се извинив за коментарот, а таму сигурно била младината и ве пречекале пријатно и ферски како што ни доликува. Во недела губиш катастрофално. Убав ден“, напиша Галетановски.

Пред неколку дена, ВМРО-ДПМНЕ побара Галетановски да биде отстранет од Изборниот штаб на Пендаровски, бидејќи наводно ја навредувал Сиљановска на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави