Search

Сијарто: Се надевам дека ме сметате дека сум посериозен од тоа Груевски да ми диктира со кого да се сретнам

Одговори на новинарски прашања на Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Република Унгарија по заедничката прес конференција со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ 

Новинарско прашање од Фуркан Салиу: Господине Сијарто дали го правите ова цело време по официјални средби да одржувате прес конференции со опозицијата или станува збор за силното влијание коешто го има господинот Груевски врз Орбан и Мицкоски?

– Се надевам дека ме сметате дека сум посериозен од тоа да некој ми диктира со кого да се сретнам. Како што знаете денеска се сретнав со министерот за  надворешни работи затоа што јас доаѓам во својство на министер за надворешни, но не гледам која е спорната ситуација да се сретнам со претставниците на нашата сестринска партија, кога доаѓам на нивната покана.

Новинарско прашање од портал Инфомакс: Господине Сијарто ќе имате средба со господинот Заев. Тој и неговата партија цело време потенцираат дека Унгарија има диктаторска влада и Орбан е диктатор, ваш коментар на тоа и можеби дали планирате  да испратите вербална нота до Заев?

Одговор на Петер Сијарто: За нас не е важно [што господинот Заев смета за внатрешната состојба на Унгарија затоа што и самиот не е Унгарец, внатрешната состојба е таква да ние победивме со двотретинско мнозинство на последните избори и оттука внатрешните работи на Унгарија се внатрешно прашање.  И мислам дека меѓусебните односи треба да се базираат на меѓусебна почит, а почитта е да не се коментираат внатрешните состојби на пријателската држава, јас е водам од принцип, никогаш не сте ме слушнале да коментирам за социјалдемократската влада тука. Кога се постави прашањето за поддршката на Унгарија за вашето пристапување кон Европската Унија ова прашање тие воопшто го немаа поставено.

Новинарско прашање од портал Инфомакс: Господине Сијарто, постојат многу шпекулации околу причините зошто вие и помагате на Македонија, можете ли да ги кажете вашите причини?

Одговор на Петер Сијарто: Па како што знаете, Унгарија е директен сосед на земјите од Западниот Балкан, и ни значи кога на тој Западен Балкан владее мир, стабилност и прогрес. И можеме да препознаеме кога тоа не е случај. Ние водиме одговорна соседска политика и им помагаме на сите земји и на овој начин, но и при ЕУ проширувањето како што знаете им помагаме на сите земји од Западен Балкан директно за целосна интеграција на овој регион во НАТО и ЕУ на тие земји што ја имаат таа цел. Нас тоа ни претставува национален интерес заради безбедноста и економијата.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави