Search

Сијарто во телефонски разговор со Димитров: Почната е процедурата за азил на Груевски

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во телефонски разговор со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, потврдил дек поранешниот премиер Никола Груевски поднел барање за азил и дека веќе е почната правната процедура.

„За време на разговорот, министерот Димитров посочи дека во случајот станува збор за осуденик, против кого се водат и уште неколку други судски постапки за сериозни кривични дела. Министерот воедно ја потенцираше важноста на принципот на владеење на правото, кој претставува темелен европски принцип. Притоа укажа на парадоксалноста на ситуацијата да се бара политички азил во земја членка на ЕУ, од страна на личност во чие време на владеење, земјата кандидат за членство во ЕУ беше окарактеризирана како ‘заробена држава’ и од страна на самата Европска комисија“, соопшти македонското МНР.

Сијарто нагласил дека унгарската поддршка за реализација на аспирациите за европска и евро-атлантска интеграција на Република Македонија, како и добрата билатерална соработка меѓу двете земји ќе продолжат и во иднина.

Од Министерството посочуваат дека телефонскиот разговор бил на иницијатива на Димитров.

Треба да знаете
Последни објави