Search

Сити чекори кон титулата, Де Брујне му даде четири гола на Вулверхемптон

Манчестер Сити успешно го одигра гостувањето кај Вулверхемптон (1-5) и ја запиша петтата победа во низа во Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола не попушта и на две кола до крајот ги сочува трите бода предност пред Ливерпул.

Кевин Де Брујне беше ѕвезда на денешната средба. Белгискиот интернационалец за краток период запиша хет-трик. Сите три гола во првиот дел, со кој гостите ја направија клучната разлика, најдобриот играч на „граѓаните“ ги постигна со послабата лева нога.

Дондонкер се погрижи да има кратка радост за домашните навивачи. „Волците“ немаа квалитет да се носат со една од најдобрите екипи на денешницата. Победата на гостинските фудбалери беше потврдена во второто полувреме. Одново Де Брујне се најде на вистинското место и четврти пат го матира противничкиот голман, а Рахим Стерлинг го искористи убедливиот настап на екипата и успеа да се запише во листата на стрелци во завршницата од мечот.

Вест Хем и Астон Вила се последните два предизвици за Сити во тековната сезона од Премиер лигата. Бранителот на тронот во англиското првенство не смее да си дозволи пораз, во случај и Ливерпул да биде перфектен до крајот.

Фудбалерите на Челси го совладаа Лидс како гости со 0:3, во натпреварот од 33 коло во Премиер лигата.

Играчите на Томас Тухел стигнаа до 70 бодови и се најдоа чекор поблиску до обезбедување на место во Лигата на шампионите следната сезона.

Од Арсенал имаат четири, а од Тотенхем осум бодови повеќе, со еден натпревар повеќе од градските ривали.

Првиот гол на лондонските „сини“ го постигна Маунт во четвртата минута, а задачата на фаворитите стана уште полесна после црвениот картон на Џејмс кај домаќините.

Вториот погодок беше дело на Пулишиќ во 55, а конечниот епилог го постави Лукаку во 83 минута.

Треба да знаете
Последни објави