Search

Сити тргнува по Холанд

– Манчестер Сити ги насочува силите кон сензацијата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, тврди електронското издание „90 мин”.

„Граѓаните” гледаат во 19-годишниот Норвежанец наследник на искусниот Кун Агуеро, кој веќе наполни 30 години.

Тимот најверојатно ќе понуди примамлива сума за услугите на Скандинавецот во текот на летото, но друго прашање е дали Дортмунд би се разделил со него само неколку месеци по доаѓањето во нивните редови.

Холанд успеа да постигне 8 гола на 5 одиграни натпревари за „жолто-црните”, откако пристигна во тимот, а пред тоа имаше одличен период во австрискиот шампион Ред Бул Салцбург – како во локалниот шампионата, така и во Лигата на шампиони.

Треба да знаете
Последни објави