Search

Сити со пресврт го победи Порто, Ајакс со автогол му подари победа на Ливерпул

Манчестер Сити го победи Порто со 3-1, гостите поведоа но застанаа, екипата од Англија со два гола во вториот дел стигна до триумф со пресврт. Порто поведе со голот на  Диаз, во првото полувреме Агуеро израмни за Манчестер Сити.

Во второто полувреме Гундоган ја најави победата на „граѓаните“ со екстра гол од слободен удар, триумфот го потврди Торес.

Во оваа група Ц, Олимпијакос го победи Олимпик Марсеј со 1-0.

Еден погодок го одлучи дуелот во Амстердам на кој Ливерпул прокнижи три бода кај Ајакс (0-1).

Јирген Клоп настапи без неколку важни играчи, но и покрај тоа успеа да состави екипа која ги исполни целите. Трите бода на контото беа запишани во првиот дел, кога Федерико Таљафико си постигна автогол и стана трагичар на „копјаниците“.

Се играше 35. минута кога Аргентинецот несреќно си ја смести топката во сопствената мрежа. На почетокот на акцијата Садио Мане испрати незгоден шут кој заврши во ногата на противничкиот фудбалер.

Аталанта го надмина тешкиот пораз од Наполи (4-1) и лесно се справи со данскиот дебитант Митјиланд, па во Скандинавија славеше со 0-4. Избраниците на Гасперини одново прикажаа атомска игра и за едно полувреме го решија прашањето на победникот во Данска.

Треба да знаете
Последни објави