Search

Сити подготвен да му плати на Кулибали 10 милиони евра годишно, Наполи бара 80 милиони за дефанзивецот

Премиерлигашот Манчестер сити работи на трансферот на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Според новинарот Николо Скира, англискиот клуб е во напредна фаза на преговори со Фали Рамадани, агент на Кулибали.

„Граѓаните” се подготвени да му понудат на играчот 5-годишен договор со плата од 10 милиони евра годишно.

Сега Манчестер сити се обидува да се договори со Наполи за висината на трансферот. Италијанскиот клуб сака да добие најмалку 80 милиони евра за 29-годишниот дефанзивец.

Треба да знаете
Последни објави