Search

„Сити“ пак не го победи „Лион“, „Јунајтед“ се спаси од срам против „Јанг Бојс“

Фудбалерите на „Лион“ се покажаа како нерешлива енигма за тимот на „Манчестер Сити“, кој и во реваншот во Франција не успеа да ги победи, па по поразот на „Етихад“ вечерва ремизираше 2:2.

Во возбудлив натпревар домаќините два пати водеа, но „Сити“ веднаш возвраќаше. Максвел Корнет во 55. и 81 минута погоди за „Лион“, а Лапорте во 62. и Агуеро во 83. минута за гостите. Во вториот натпревар од оваа група „Шахтор“ со 3:2 го победи „Хофенхајм“.
„Сити“ е лидер со 10 бодови, „Лион“ има седум, „Шахтор“ пет, а „Хофенхајм“ остана со три бода.

Мало изненадување, според резултатите сезонава е победата на „Реал“ во Рим против „Рома“ со 0:2. Римјаните пропуштија неколку добри шанси што беше казнето од гостите кои во второто полувреме со головите на Герет Бејл и Лукас му донесоа победа на „Реал“. Претходно денеска „Викторија Плзен“ ја изнанади ЦСКА во Москва со 1:2.

„Реал“ има 12 бодови во групата Г, „Рома“девет, „Викторија“ и ЦСКА имаат по четири бодови.

Добра партија по подолго време пружи и „Баерн“ кој во Минхен ја декласираше „Бенфика“ со 5:1. Мечот беше решен во првиот дел, кога со двата гола на Робен и еден на Левандовски домаќините имаа предност од 3:0. Гедсон Фернандез постигна гол во 46. минута за Португалците, но пет минути подоцна возврати Левандовски со уште еден гол. Конечниот резултат го постигна Рибери во 76. минута. Во првиот ме од групата Е, „Ајакс“ со 0:2 славеше во Атина против АЕК.
„Баерн“ е лидер со 13 бодови, „Ајакс“ има 11, додека Бенфика остана со четири бода и така обезбеди пласман во нокаут-фазата од Лига Европа.

„Јувентус“ вечерва беше подобар од „Валенсија“ со 1:0 и така си обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето, откако Марио Манџукиќ беше единствен стрелец на натпреварот. Од друга страна, „Манчестер јунајтед“ се спаси од срам во последните минути од дуелот против „Јанг Бојс“. Швајцарците до судското продолжение имаа реми, но по асистенцијата на Лукаку, Фелаини во 91. минута го постави конениот резултат 1:0.
Во моментов во група Х, „Јувентус“ има 12 бодови, „Јунајтед“ има десет, додека „Валенсија“ е на третата позиција со пет, а последнопласиран е „Јанг Бојс“ со само еден освоен бод.

Треба да знаете
Последни објави