Search

Сити не победи во Њукасл, Ливерпул се поблиску до титулата

Актуелниот првак на англиската фудбалска Премиерлигата, Манчестер сити, не успеа да победи на гостувањето кај Њукасл и одигра само 2:2, па губењето на нови два бода ги оддалечува од титулата.

Лидерот Ливерпул доцна попладнево има шанса со победа над Брајтон да им побегне на „граѓаните” дури 11 бода. Сити и во минатата сезона не славеше во Њукасл, тогаш загуби, но успеа некако да ја освои титулата. Овојпат ситуацијата им е многу полоша.

-Треба да научиме лекција од овој резултат. Од два шута ни дадоа два гола. Тешко е, имаме само два дена за рехабилитација. Во добро треба да се биде смирен, во лоши моменти треба да се живее со реалноста, изјави тренерот Пеп Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави