Search

Сити за пет минути го шокираше Реал за целосен пресврт

Екипата на Манчестер Сити пoбеди со 2-1 на гостувањето кај Реал, во рамки на осминафиналето во Лигата на шампионите.

Домаќините поведоа со голот на Иско во 60та минута, но Манчестер Сити направи комплетен пресврт од 78-та до 83-та минута.

Најпрво Жесус го доби дуелот соСерхио Рамоспосле еден центаршут на Де Брујн и израмни на 1:1. Играчите на Реал бараа фаул над капитенот, но судијата покажа на центар.

Голот за израмнување го постигна Габриел Жесус во 78. минута, по феноменалната асистенција на Де Брајне, а Белгиецот само пет минути подоцна му донесе водство на Сити со прецизен удар од белата точка.

Само четири минути подоцна Сити прави комплетен пресврт. Стерлингсе избори за пенал, а сигурен реализатор беше Де Брујн.

Во финишот на мечот црвен картон заработи Рамос кој го фаулираше Жезус во контранапад и го спречи да излезе сам пред голманот на домаќините.

Треба да знаете
Последни објави