Search

Сити го надигра Њукасл и си закажа полуфинале со Арсенал

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и со победа на гости кај Њукасл (0-2) го визира пласманот во полуфиналето на англискиот ФА Куп.

Плавите од Манчестер си ја завршија работата според планот и заслужено одат понатаму. Манчестер Сити за пласман во финалето ќе игра против екипата на Арсенал.

Што се однесува до натпреварот на „Сент Џејмс Парк“, го одбележаа Кевин Де Брујне и Рахем Стерлинг. Белгиецот погоди во 37. минута од пенал и влезе во „клубот 100“, со стотиот погодок во клупскиот фудбал, додека Стерлинг реализира во 68. минута по асистенција на младиот Фоден.

Во второто полуфинале во англискиот ФА Куп ќе играат Челзи и Манчестер Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави