Search

Сити во Иско гледа замена за Силва

 Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско.

 

Според  тренерот на англискиот клуб, Гвардиола во 27-годишниот Шпанец гледа замена за Давид Силва, кој најави дека ќе ги напушти „граѓаните” следното лето.

Договорот на Иско со Реал има важност до 2021 година.

Минатата сезона, тој настапи на 37 натпревари постигна шест гола и забележа една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави