Search

Сите мерки на мафијашката власт се дебакл- скоро 20 пати помалку вратени пари со Викенд на ДДВ и 800 починати од корона

Мерките и политиките на мафијата на власт доживуваат дебакл. Последен во низата промашени мерки е и мерката Викенд без ДДВ кој е целосно промашување. Наместо најавуваниот поврат на ДДВ од 17 милиони евра ќе се реализира само 1 милион евра. Тоа покажува дека мерката не беше доволно добро обмислена и избрзана, но истовремено покажува дека народот нема доволно пари поради драстичниот пад на стандардот.

Впрочем Македонија со оваа мафија на власт тоне од ден во ден. Поради промашените политики Македонија имаше рекорден пад на економијата во вториот квартал од 12,7%, бројот на невработени се зголеми за над 40 илјади нови лица, а долгот за само три месеци се зголеми за една милијарда евра.

Неуспех до неуспех.

Уште полоша е состојбата и на здравствен план во поглед на справувањето на државата со пандемијата. Македонија е црна точка, рекордер по смртност од корона вирусот. Секој ден бројките на заразени расте и веќе е очигледно дека е излезена од контрола. Процентот на заразени од тестирани во континуитет веќе извесен период  е двоцифрен и вкупниот број на заразени достигна 21.193 лица и за жал 800 починати.

Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните, но истовремено организирана и агилна кога се работи за криминал, корупција и лично богатење.

 

Треба да знаете
Последни објави