Search

Сите кои зимава имаа грип, ќе се проверуваат за Ковид-19, можеби го прележале

Надлежните најавуваат дека сите анализи на граѓаните кои зимава биле погодени од сезонскиот грип ќе бидат испитани уште еднаш за да се докаже дали има присуство на Ковид-19 во нивните резултати. Според епидемиологот Жарко Караџовски, ова се прави со цел да се докаже дали вирусот корона е присутен уште од декември минатата година, кога значително порасна бројот на заболени од грип.

Министерот за здравство, Венко Филипче уште еднаш потврди дека жената која беше пронајдена мртва во Велес, била заразена со Ковид-19. Тој рече дека во текот на следната недела ќе се прецизира времето на смртта, за потоа да се истражи уште пораното присуство на вирусот во земјава.

Точниот број на граѓани кои починаа поради сезонскиот грип ќе се дознае по анализите кои ќе се извршат заедно со анализите на лицата заразени со Ковид-19. Епидемиолог Владимир Микиќ истакна дека досега поради сезонскиот грип, од 37.000 заразени, починале три лица или 0,01%. За разлика од сезонскиот грип лани, билансот на заразени оваа зима беше зголемен за дури 80%.

 

Треба да знаете
Последни објави