Search

Сите жртви во Утрехт се Холанѓани

Сите три жртви во нападот што се случи вчера во Утрехт се Холанѓани, соопшти холандското Министерство за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи на Холандија потврди дека жртвите во нападот во Утрехт се од холандска националност и дека се државјани на Холандија“, се вели во соопштението.

За нападот, во кој беа убиени три, а повредени пет лица, е осомничен 37-годишниот Ѓокмен Танис со турско потекло. Тој вчера беше уапсен.

Полицијата објави дека се разгледуваат сите мотиви за нападот. Членови на неговото семејство изјавиле дека тој го извршил нападот поради семејни причини.

Треба да знаете
Последни објави