Search

„Сите беа злобни кон неа“- Бен Афлек првпат прозборе за врска со Џеј Ло

Во поткаст за The Hollywood Reporter, Бен Афлек сподели дека додека бил во врска со Џеј Ло, тогашните таблоиди биле многу злобни, па дури и расистички настроени кон неа.

Бен Афлек и Џенифер Лопез се вљубија додека го снимаа филмот Gigli, беа заедно од 2002-ра до 2004-та година, па дури и се верија. После веридбата парот прво ја одложи венчавката, а потоа се разделија.

Досега Џеј Ло неколкупати има зборувано за врската со актерот, но ова е првпат Афлек да прозбори нешто.

За The Hollywood Reporter, актерот изјави дека за време на нивната врска, луѓето и таблоидите биле премногу злобни кон Џеј Ло.

„Луѓето беа многу злобни кон неа – сексистички, расистички. За неа беа пишувани грди, злобни работи, за кои денес би добиле отказ ако ги напишете. Сега таа е почитувана за работите што ги направила, за нејзиното потекло, за нејзините подвизи. Е, па треба да биде!“, вели актерот во поткаст за познатиот медиум.

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-02.jpg

„Знаете, секогаш има приказна на месецот, а мојата врска со Џенифер Лопез беше таква приказна, во период кога бизнисот со таблоидите стануваше сè поголем“, вели актерот, додавајќи дека со Џеј Ло чувствувале огромен притисок од јавноста.

Моментално Афлек е во врска со актерката Ана де Армас, а Џеј Ло е верена со Алекс Родригез. Пејачката има изјавено дека во 2002-ра, кога била со Бен, добивала многу повеќе внимание, отколку сега кога е со Алекс.

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-06.jpg

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-07.jpg

„Всушност, тогаш беше полошо. Беше лудо. Денес барем имам можност да ви покажам која сум јас. Тогаш моравте да верувате во гласини. Многупати гласините беа лажни или покажуваа само третина од вистината“, изјави пејачката во 2018-та…

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави