Search

Системот за следење на заразените контакти во Велика Британија бара доработка

Системот за следење на контактите на заразените со коронавирус во Велика Британија наречен „Тестирај и следи“, мора да биде подобрен, бидејќи детектира најмногу 50 проценти од остварените контакти.

За да се спречи смртоносен втор бран на пандемијата, неопходно е системот „Тестирај и следи“ да детектира најмалку 68 проценти од остварените контакти, пренесува лондонски „Мирор“.

Критиките на сметка на системот кој го воведе британската влада стигнаа преку писмо од професорот Крис Бонел од Лондонската школа за тропска медицина и хигиена и од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Експертските прогнози предвидуваат дека вториот бран би можел да биде два до трипати поголем од првиот, што би значело воведување на нова вонредна состојба.

Треба да знаете
Последни објави