Search

Сирија ќе бара од САД компензација поради кражбата на нафта

Сирија ќе бара од ОН да се разгледа прашањето за кражбата на сириската нафта и од САД ќе бара компензација поради тоа, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува „Спутник“.

Истовремено, тој ги критикуваше ОН дека се претвориле во полудржава со која управуваат банди по принципот „кој е посилен“.

„Познато ми е, како и на многу други држави во светот, дека ОН всушност не постојат бидејќи денес не постои меѓународно право. Живееме во свет кој повеќе лични на оној до Втората светска војна отколку на оној по неа. Ние можеме да се жалиме колку што сакаме, но тие жалби завршуваат во фиока“, посочи Асад.

Околу 90 отсто од сириската нафта се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат, каде што претходно се наоѓаше упориштето на Исламска дрѓва. Таа територија денес е под контрола на курдските одреди на Сириските демократски сили, сојузици на САД.

Претставникот на Пентагон, Пет Хофман, рече дека сета заработка од сириската нафта оти токму кај Сириските демократски сили, додека министерот за одбрана Марк Еспер, истакна дека Американците ќе ги бранат нафтените полиња и ќе одговорат со сила на каков било обид за нивно заземање.

 

Треба да знаете
Последни објави