Search

Сирија ќе бара компензации од Западот

 

Сирија ќе бара компензации од Западот за нанесените штети како резултат од военото мешање на западните сили, објави сириското Министерство за надворешни работи.

Во Сирија дејствува меѓународна коалиција предводена од САД. Меѓународната коалиција ги поддржува опозициските сили во земјата.

Под покровителство на САД во Сирија извршени се воени  злосторства, што доведоа до загуба на голем број
животи и разурнување на инфраструктурата. Тоа ќе остане срамна дамка за лажната западна демократија. Им се даваше финансиска и воена помош на формации, кои станаа дел од агресивниот заговор. Нивна  цел беше истоштување на  Сирија и другите земји во регионот, се наведува во соопштението на сириското МНР.

Во соопштението с е посочува дека одговорност од САД, од Велика Британија и од Франција. Барањето за  компензации е одговор на западен извештај, во кој се критикува сирискиот претседател Башар ал Асад и се дава поддршка на сириската опозиција.

Сириските власти наведуваат и дека земјата нема да има потреба од западна помош по завршувањето на граѓанската војна, како и оти официјален Дамаск ќе инсистира на обесштетување за загубите на инфраструктурен и економски план.

Треба да знаете
Последни објави