Search

Сирија ја врати контролата над втората најмоќна брана во Алепо

Сириските владини сили ја презедоа контролата врз втората најмоќна хидроелектрична брана „Тишрин“ во покраината Алепо, изјави портпаролот на Руската команда на вооружените сили во Сирија, Борис Фомичев, пренесува ТАСС.

Денеска руската воена полиција почна со патролни операции во околината околу овој објект од стратешко значење. Браната Тишрин се наоѓа на 90 километри од Алепо и беше изградена на Еуфрат од руски и сириски инженери пред 20 години.

Кога избувна граѓанската војна во земјата, таа беше заземена од милитантите на Исламска држава кои долго време го контролираа објектот. Владините сили успеаја да ги избркаат од регионот и покрај големите загуби. Во моментов, браната ги снабдува со електрична енергија провинциите Рака и Алепо.

Снабдувањето со електрична енергија во провинцијата Алепо е од клучно значење, бидејќи нејзиниот главен град е економски и индустриски центар на земјата. Сириските власти во моментот вложуваат напори да го обноват. Во средината на ноември, сириските владини сили ја презедоа контролата над најголемата брана во земјата – браната Табка (провинцијата Рака), која претходно беше во терористички раце. Пред војната, браната снабдуваше со електрична енергија значаен дел од Сирија.

Треба да знаете
Последни објави