Search

Сириските Курди подготвени да разговaраат со Дамаск и Москва за да се спречи напад на Турција

Курдските власти во северниот дел на Сирија би можеле да почнат разговори со Дамаск и со Русија со цел да се пополни безбедносниот вакуум по повлекувањето на американските трупи од пограничната област со Турција, изјави денеска претставник на курдската автономна област.

„Ако САД дефинитивно ја напуштат областа, посебно пограничниот дел, ќе бидеме принудени да ги разгледаме сите опции“, изјави Курдот од Сириски демократски сили, Бардан Жиа, најважната курдска одбранбена формација, инаку главен сојузник на САД во борбата против Исламска држава на ова подрачје.

Тој додаде дека и ќе се разговора со претставници од Сирија и од Русија за да се избегне или спречи најавениот напад од Турција.

САД од вчера започнаа повлекување на своите сили од североистокот на Сирија.

Турскиот претседатл Реџеп Таип Ердоган со месеци се заканува дека ќе покрене прекугранична операција против сириските курдски сили кои ги смета за безбедносна закана за Турција.

Треба да знаете
Последни објави