Search

Сириската армија собори дронови во близина на нафтената рафинерија во Хомс

Сириските одбранбени сили соборија дронови во близина на рафинеријата за нафта во Хомс, што е оддалечена 165 километри од Дамаск.

– Терористите планираа да ја нападнат рафинеријата со беспилотно летало, но сириските безбедносни пресретнаа и соборија пет дронови, објави сириската новинска агенција САНА.

Рафинеријата за нафта во Хомс е водечка компанија на сириската нафтена индустрија, што во 2018 година е надградена со руска технички поддршка.

Терористите синоќа се обиделе со дронови да ја нападнат регионалната термоелектрана во градот Марде во провинцијата Хама, но биле сопрени пред да предизвикаат поголема штета.

Треба да знаете
Последни објави