Search

СИРИЗА повторно ќе го предложи Павлопулос за претседател на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи во Парламентот, изјави дека неговата партија има намера повторно да го предложи Прокопис Павлопулос за шеф на државата, по завршување на неговиот мандат во 2020 година, јави допиничката на МИА од Атина.

– СИРИЗА и во новиот Парламент ќе предложи уставно предвидено обновување на мандатот на актуелниот претседател, Прокопис Павлопулос, бидејќи смета дека изборот на шеф на државата треба да има широк консензус, истакна Ципрас, додавајќи дека претседателот на државата треба да ја изразува заедничката волја на мнозинството од политичките сили.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос коментираше дека „волјата на Нова демократија е да не го предложи Павлопулос на претседателските избори во 2020″ и воедно ги повика и портпаролката и лидерот на најголемата опозициска партија да дадат поддршка за продолжување на мандатот на актуелниот грчки претседател.

Треба да знаете
Последни објави