Search

Син го пронашол мртвиот татко во двор во гевгелиско

На 17.05.2019 година околу 10.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во дворното место од семејната куќа на Д.А. и Н.А. на ул.„Караорман“ во Гевгелија бил пронајден починат И.Т.(78) од с.Русиново, татко на Н.А., без траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави