Search

Синот на Цветанка Ласкова се огласи на Фејсбук: Популарен сум и богат !

Синот на Цветанка Ласкова се огласи на фејсбук

„Боже, колку сум популарен и богат. Фала ви Тина Керкез и Цветанка Ласкова и секако, НАТО“, напишал на фејсбук Горан Кан, синот на Цветанка Ласкова, советничката за култура на премиерот Зоран Заев, објави „Фокус“.

Вчера неговото семејство беше во центарот на вниманието на јавноста, откако во дел од медиумите беше објавено  дека неговата сопруга Христина Керкез, односно нејзината фирма добила грант од околу  330.000 евра од Фондот за иновации и технолшки развој. Кан е популарен диџеј и син на  Ласкова, фолк пејачка и советничка за култура на Заев.

Под неговата саркастична објава, негови пријатели веќе започнале да коментираат.

„Да не беа тие, ти ништо, Сега можеш да одиш во пензија, Ако не можете да ги потрошите, ѕвони“, на што диџејот одговара дека парите веќе се потрошени.

Треба да знаете
Последни објави