Search

Синот на Хју Хефнер се ожени со ѕвездата од филмот „Хари Потер“

Англиската актерка Скарлет Бирн (29), која ја глумеше Панси Паркинсон во „Хари Потер“, се омажи за Купер Хефнер (28), син на основачот на „Плејбој“, покојниот Хју Хефнер.

Скарлет на социјалните мрежи сподели фотографија од скромната церемонија во Окснард, Калифорнија.

„Купер и јас сме возбудени да споделиме дека сме легално венчани. Се гордеам што сум покрај тебе како твоја партнерка, пријателка и жена. Не можам да дочекам да продолжиме да го градиме животот заедно. Срцето ми е полно и јас сум благодарна за нашата љубов“, напиша бринетата.

Двојката, која се сврши пред четири години, сега планира поголема церемонија за да прослави со пријателите и семејството. Инаку, актерката позира гола за „Плејбој 2017“.

Купер е едно од четирите деца на починатиот Хефнер. Тој почнал да работи за својот татко додека сè уште студирал станувајќи главен креативен раководител на „Плејбој“.

Тој ја напушти таа позиција во април за да лансира свој медиумски бренд, „Хефнер медија корпорејшн“ и дигитална платформа со содржина за возрасни. Тој тогаш објави дека ќе биде ќе се вика „Хефпост“, но сега е „Стаг дејли“. Треба да биде лансиран в година.

Треба да знаете
Последни објави